23/05/2018 Goran Manev

Низ мотото „Acta, non verba“ на традиционалната античка забава

На 21.05.2018 год. во Атриумот на СОУ„ Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија беше оддржана традиционална „ Античка забава“ оваа година насловена „ Pro bono publica“ – јавен час. Мотото за оваа година беше Acta, non verba. ( Дела, а не зборови). 

Програмата се состоеше од извадоци од познатите трагедии „ Електра“  и „ Орест“ од Еврипид, како и квиз – натпревар во знаења од латинскиот јазик , цивилизација и кутура.

Забавата беше збогатена со прекрасна ликовна изложба на тема „ Антика“ .

Античката забава 2018 беше организирана од Активот по латински јазик при СОУ „ Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија во соработка со Градска библиотека „ Гоце Делчев “ – Гевгелија и НВО „ Мулти – медиа “ – Гевгелија.

Порака за оваа година до публиката беше : Sine lingua latina nulla inteligentia. ( Без латински јазик нема образование.)