Ученикот Никола Илиевски од III-5 клас го освои првото место на Натпреварот за најдобар есеј за 2023 година. Натпреварот се одржува како дел од Државниот натпревар по македонски јазик и литература за учениците од средното образование. Темата беше од областа на македонскиот јазикот: „Што направивме со идејата на Крсте Петков Мисирков за македонскиот литературен јазик и што треба да направиме за македонскиот јазик во иднина“. Организатор на натпреварот е Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература. Ментор на ученикот е професорката Александра Ќаева.