12/04/2024 toni

НЕДЕЛА НА ХИГИЕНИЗАЦИЈА

По повод Неделата на хигиенизација од 08 до 15 Април нашите ученички втора година од здравствената струка под менторство на Илинка Илиевска заедно ја посетија една од групите дечиња во централната градинка во нашиот град ,,Детска Радост”” . Се реализираше едукативна работилница во атмосфера полна со внимание , смеа , детски џагор со дечињата . Цел е подигнување на свеста за јавното здравје и превенција на болестите поврзани со лоши хигиенски навики. Едно големо браво и благодариме за соработката од дечињата и нивните тетки Александра и Маре.