08/01/2023 toni

Најдобар фил(м)ософски есеј

На конкурсот за најдобар фил(м)ософски есеј како дел од Средношколската видео лектира, сегмент од Едукативната програма на Филозофскиот филмски фестивал (ФФФ), ученикот Благоја Панов освои III место за најдобар средношколски филмософски есеј. Ученикот доби бројни награди, списанија и зборници од Филозофското друштво, книги од издавачката куќа „Аз-Буки“, филмови од Кинотеката на Македонија, едногодишна стипендија од Универзитетот Еуропа Прима, курсеви по шпански јазик од амбасадата на Шпанија и парична награда. Наградите беа врачени од страна на амбасадорот на Шпанија, Хозе Луис Лозано Гарсија.