12/12/2022 toni

Награда за Никола Илиевски на Конкурсот по повод Светскиот ден на штедењето

На Конкурсот распишан по повод Светскиот ден на штедењето, 31 октомври, ученикот Никола Илиевски од III-5 клас под менторство на професорката Александра Ќаева освои една од трите рамноправни награди. Конкурсот беше во организација на Народната банка и на Министерството за финансии на Република Северна Македонија. Учениците од средното образование пишуваа есеј на тема: „Македонскиот денар како национална валута – еден од симболите на независноста“. Наградите беа свечено доделени на 28 ноември, во Музејот на Народната банка, од страна на гувернерката Анита Ангеловска – Бежовска и на министерот за финансии, Фатмир Бесими. Конкурсот и свеченото доделување на наградите беа дел од јубилејот – 30 години монетарно осамостојување на Република Македонија.