На ден 27. 10. 2023 година беше реализиран заедничкиот проект за Меѓуетничка интеграција во образованието помеѓу СОУ “Јосиф Јосифовски” од Гевгелија и СЕПУТС “Арсени Јовков” од Скопје. Проектот беше реализиран во Охрид на тема „Мостови на зближување” каде учесниците имаа можност да ги посетат знаменитостите и обележјата на градот. Двете училишта имаа пријателска дружба во црквата Св. Софија, Св. Јован Канео, Антички театар и посета на џамијата Али Паша.
Мостови на зближување
