05/11/2023 toni

МЕЃУ ДЕСЕТТЕ КЛУБОВИ НА ПОВИКОТ НА МИМ ИЗБРАН И КЛУБ ЈОСКА

Младинскиот образовен форум (МОФ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ) објавија повик за основање новинарски клубови (секции) во основните и во средните училишта од државава. Новинарските клубови се реализираат во рамки на проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“. 

Новинарските клубови треба да вклучуваат едукативни и практични активности кои ќе се одвиваат во рамки на воннаставните активности.

СОУ „Јосиф Јосифовски“ со Клуб „Јоска“ од Гевгелија во конкуренција од сите основни и средни училишта од Македонија е избран како еден од десетте најдобри апликанти под раководство на професорот Тони Аврамов.

Учениците ќе имаат можност да предлагаат и да обработуваат теми коишто се поврзани со образовниот процес и училишните активности, но и со културни, забавни, спортски или други теми кои се од интерес на младите.

Програмата на клубовите ќе ги опфати следните теми:

  • Новинарството како професија – што значи да се биде новинар (улогата на новинарството, новинарски стандарди, уредувачка политика);
  • Новинарски жанрови (вест, извештај, интервју);
  • Медиумска писменост (концепт, елементи, вештини);
  • Дезинформации, погрешни информации и штетни информации;
  • Проверка на информациите и фото-форензика;
  • Нови медиуми;
  • Креирање медиумски содржини за различни медиумски платформи.

На крајот на училишната година ќе биде објавен конкурс за најдобар медиумски производ подготвен од страна на новинарските клубови од основните и од средните училишта.

„Младите размислуваат“ е проект на УСАИД го спроведува американската организација ИРЕКС со своја локална канцеларија во Скопје, во партнерство со Македонскиот институт за медиуми (МИМ), Министерството за образование и наука (МОН) и Бирото за развој на образованието (БРО).