05/02/2024 toni

Литературно читање по повод денот на раѓањето на Гоце Делчев и патрон на гевгелиската библиотека

По повод Патронатот на Библиотека „Гоце Делчев“ од Гевгелија, 4-ти февруари – ден на раѓањето на апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев (1872-1903) се организираше одбележување на патрониот празник.
Под менторство на професорката Жаклина Атанасова, свои литературни творби читаа: Димитар Урумов, Санда Шапкарова, Ирина Прошева, Адријана Ристовска, Јасмина Јовановиќ, Иван Ичев, Марија Костова, Ивана Јанева, Ивана Горбашлиева и Михаела Костадинова, ученици и ученички од СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија.
Со неколку композиции се претстави и познатата гевгелиска музичка кантавторка Теодора Гошева. Во рамките на ова одбележување, директорот на Библиотеката, Стефан Марковски им додели благодарници на тројцата најактивни читатели за 2023 година: Марија Апостолова, Адријана Вацев и Ангелина Дојранлиева.
Честитајќи им го на присутните патрониот празник , директорот Марковски изјави дека во наредниот период, бистата на великанот на македонската револуционерна борба, Гоце Делчев, ќе биде поставена пред зградата на Библиотеката која го носи неговото име.