08/02/2024 toni

Јавен повик за финансиска поддршка за ученици

Почитувани родители,

доколку ги исполнувате условите за аплицирање на Јавниот повик за финансиска поддршка за ученици од основните и средните училишта чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари, а досега не сте аплицирале, комплетираните документи можете да ги доставите во училиштето до 12.02.2024 год. (Јавниот повик се однесува за оние кои не аплицирале во месец декември и јануари). Оние кои аплицирале во месец декември и јануари, потребно е во периодот од 15 до 20 февруари, да достават потврда за месечни приходи од нето плата остварени во последниот месец (јануари), а невработените да достават изводи од приходите од сите трансакциски сметки на име на родителите/старателите за претходниот месец.

https://mon.gov.mk/content/?id=8499