12/02/2021 toni

Јас ја избрав мојата иднина

Кампања на средното училиште „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија

СОУ „Јосиф Јосивовски“ од Гевгелија започнува со кампањата „Јас ја избрав мојата иднина“. Некогашни ученици од ова училиште во кратки видеа ги искажуваат своите искуства, но и придобивките што ги стекнале во клупите во гевгелиската гимназија.

Скромниот почеток во ова училиште зацртува сигурна иднина, создава лидери кои денес се дел од композицијата на современото општество.

Стручноста и подготвеноста на наставниот кадар во СОУ „Јосиф Јосифовски“ веќе 70 години докажува дека училиштето е вистински расадник на квалитетни кадри.

Видеата се дел од кампањата кои училиштето во иднина ќе ги користи за промоција на своите постигања, но и за информирање на учениците кои своето средно образование сакаат да го поминат во СОУ „Јосиф Јосифовски“.