28/02/2023 toni

Изведена вежба за постапка во случај на пожар

Симулирана методско показна вежба на тема Постапка на вработените и учениците од СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија во случај на пожар со евакуација на истите

На ден 24.02.2023 година во координација со одговорниот наставник Доне Картов беше организирана и спроведена симулациска вежба за самозаштита од пожар, евакуација на учениците, наставниот кадар и техничкиот персонал, како и практична обука за ракување со ПП апарат.

Активноста беше планирана и реализирана според Годишната програма за работа на Училиштето за 2023/2024 година.