08/02/2023 toni

ГИМНАЗИЈАТА ОД ГЕВГЕЛИЈА Е ДОБИТНИК НА ГРАНТ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА МИО АКТИВНОСТИ

СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија е добитник на грант за реализација на МИО активности од Министертвото за образование и наука за  активности кои придонесуваат за развој на унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција во основните и средните училишта за учебната 2022/2023 година.

Имено, СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија е дибитник на гранд во партнерство со СЕПУГС „Арсени Јовков“- Скопје, каде наставата се изведува на македонски и албански јазик, и во текот на учебната 2022/2023 година ќе го реализираат добиениот грант во висина од по 30.000 денари преку активности за одржлива меѓуетничка интеграција.

Основната цел на овие грантови е промовирање на добрите практики за активности, преку негувањето хармонични односи, темелени на почитување на разликите, притоа градејќи едно мултиетничко и мултикултурно општество, со што се овозможува градење на современи, успешни и ефективни воспитно-образовни установи кои ќе ги промовираат мултиетничките и мултикултурните вредности, индивидуализираниот пристап кон учениците, позитивна емоционална клима и конструктивна повеќенасочна комуникација во пријатен и поттикнувачки училиштен амбиент.