04/03/2024 toni

Гевгелиската гимназија добитник на грант за меѓуетничка интеграција

СОУ ,,Јосиф Јосифовски” од Гевгелија е добитник на грант за меѓуетничка интеграција од МОН. Министерството за образование и наука секоја година доделува грантови за реализација на проектот од меѓуетничка интеграција во образованието со цел унапредување на мултикултурализмот и толеранција на средните училишта.

Нашето училиште веќе подолго време е добитник на овој грант од 30000 ден. од МОН за реализација на активностите кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничка интеграција и толеранција во средните училишта.