Под менторство на професорот Никола Караколев футсал екипата при СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија го освои првото место на Гимназијадата 2022.
600 Средношколци во Струмица се натпреваруваа во пет категории. Станува збор за 40 средношколски екипи, машка и женска конкуренција, кои се натпреваруваа во футсал, одбојка, ракомет и кошарка. Натпреварите се одиграа на шест спортски терени.
Гевгелиските екипи се натпреваруваа по претходно одиграните и добиените натпревари во регионална конкуренција.