25/03/2024 toni

Европски ден на авторството

Македонските писатели и поети Стефан Марковски, Санде Стојчевски и Марина Мијаковска учествуваа во првото одбележување на Денот на европските автори 25 март. Ова одбележување се случи во 40 земји кои се дел од програмата „Креативна Европа“.

Денот на европските автори го организира најголемата европска писателска федерација –Европскиот писателски совет. Во склоп на одбележувањето се одржаа литературни читања, предавања и книжевни разговори во средните училишта ширум Европа.

Марковски, Стојчевски и Мијаковска го одбележаа Денот на европските автори во средните училишта СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија и СУГС Гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“ во Скопје, во присуство на ученици и нивни професори по македонски јазик и литература.