18/05/2022 toni

Доминација на тениските терени на средношколците од Гевгелија

Учениците од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија под менторство на професорот Влатко Семенаков на државното првенство во тенис, во машка и женска конкуренција постигнаа одлични резултати.

Натпреварот се одржа на 13 мај, на тенискиот клуб „Аква“ во Кочани со учество на ученици од Гевгелија, Ресен, Кавадарци, Тетово, Штип и Пробиштип.

Учениците од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија доминираа на теиските терени, така што ученичката Данче Лозановска го освои првото место, а Ивана Грујиќ го освои второто место, и двете под менторство на професорот Влатко Семенаков.