20/12/2023 toni

Доделени наградите по повод Месец на книгата 2023

На наградниот конкурс за учениците од основните и средното училиште во општина Гевгелија по повод „Месец на книгата 2023“ пристигнаа есеи на слободна тема, раскази на слободна тема и дизајни на корица од книга.
На литературниот конкурс за есеи за учениците од СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија, комисијата работеше во состав: м-р по психолошки науки и професорка по македонски јазик Мери Олумчева, професорката по македонски јазик Елизабета Инадеска-Ефремова и професорката по македонски јазик Маја Танова.
Беа наградени следните ученици:
I место за есејот „Скришната глетка“ на ученичката Виолета Чугунцалиева, под менторство на професорот Тони Аврамов.
II место за есејот „ Почитта како важен фактор за одржување на било какви врски “ на ученичката Весна Папучиева под менторство на професорката Славица Маркова;
III место за есејот „Јас сум само Јас, а кој сте Вие“ на ученикот Ѓорги Новаковски, под менторство на професорот Тони Аврамов.