Во салата „Бели Мугри“ во библиотека „Гоце Делчев“ во Велес по 54-ти пат, на едно место се собраа млади поети од повеќе градови во државата и талентирани ликовни уметници, чии творби и уметнички дела конкурираа на литераутурниот и ликовниот конкурс „Детски сништа во мугрите“ . Градоначалникот Колев ги поздрави младите поети и уметници и порача нивната младост да биде чувар на името на Рацин.

Добитник на наградата Гран-при на ликовниот конкурс на тема: „Детските сништа во мугрите” е ученичката Нена Стојкоска од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија. Гевгелиското училиште доби уште една награда и тоа второ место за ученичката Марија Кичукова од втора година, и двете под менторство на професорката Розета Картова.