05/02/2024 toni

Дисиминација за проектот CLOSE

Преку проектот CLOSE во хотелот „Аполонија“ во Гевгелија се одржа дисиминација за наставниците од СОУ „Јосиф Јосифовски“, кој е носител на проектот, и наставниците од основните училишта од Општина Гевгелија.

На дисиминацијата проектниот тим имаше за цел да ги пренесе знаењата и искуствата од посетата во Фиренца, Италија и да дадат насоки за идните активности што се предвидени за реализација преку овој преокт.

Главната цел на проектот е внесување нов метод  во наставниот процес за користење на киното како алатка, за влијание врз когнитивните процеси, поттикнување на критичко размислување, развивање одговорни и инклузивни ставови кај младите луѓе со цел борба против родовите стереотипи, прифаќање на индивидуалниот пол. идентитети и промовирање на самодовербата на сите ученици.

На работилниците од оваа дисиминација беа анализирани досегашните активности на наставниот кадар и нивното користење на филмот како алатка во наставата, но беа изведени и практични вежби со критичка анализа на филм „Peel“.

На крајот од работилницата присутните имаа можност да се запознаат со основните алатки за создавање филм, но исто така и самите се обидоа да направат кадри кој ќе бидат употребени како алатка за совладување на продукциските техники.