03/02/2024 toni

Ден на палачинките

La Chandeleur,  како што го нарекуваат Французите, кај нас е познат како Ден на палачинките. Французите на овој ден прават палачинки така што во левата рака држат монета, а со десната ја превртуваат палачинката. Семеен празник на кој со задоволство се собира целото семејство. Со својата златно жолта боја палачинката симболизира сонце и постепен крај на зимата.

Активот по француски јазик во соработка со Средношколската заедница и вредните ученици и професори од угостителската струка  го одбележаа овој ден со подготовка и продажба на палачинки. Настанот се оддржа во холот на училиштето, а учениците и вработените се насладуваа со вкусниот десерт. Собраните средства ќе се наменaт за хуманитарни цели.