21/03/2024 toni

Час по социологија на тема – Избори и изборно однесување

Учениците од  четврта година од СОУ,,Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија на ден 20.03.2024 година заедно со професорката по социологија Ирена Никова остварија средба со пратеничката Ангелина Петкова. Учениците беа запознаени со начинот на донесување на законите и воопшто со работата на Собранието. Имаа интересни прашања кои беа поврзани со подобрувањето на животот на младите, за да се намали нивното иселување од Македонија.