04/03/2024 toni

Андреј и Стефан со одлични резултати на регионалниот натпревар по математика

На 2.03.2024 во просториите на СОУ „Гоце Делчев“, Валандово се одржа регионален натпревар по математика за учениците од средните училишта од Повардарски регион Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Валандово, Богданци, Струмица. Нашите ученици од прва година ги  постигнаа следниве резултати :  Андреј Димов освои втора награда, прво место, Стефан Младеновски освои втора награда,  второ место. Ментори на учениците се проф. Зоран Филов  и  проф. Јасмина Папалазова.  Учениците ќе учествуваат на државниот натпревар по математика.