10/05/2021 Goran Manev

Активности за матуранти мај-август 2021

 

21.5 – 10 ч. Доделување на евидентни листови за поправни испити, испит на годината
21, 25 и 26.5

(за јуни)

25, 28 и 29.6

(за август)

од 8-13 ч.

Пријавување поправни испити и испити на годината за учениците кои ќе полагаат државна матура, училишна матура или завршен испит за четврт или трет степен. Учениците кои полагаат поправни испити во овој рок неможе да полагаат повторно и во јунскиот испитен рок.
21.5-28.5.

15.6-30.6

Подготвителна настава, консултации со ученици кои треба да полагаат испити во мај и август.
25.5.-10 ч. Доделување свидетелства за редовно завршени ученици.
25-27.5

26-28.06.

10.8       

 

10 -13 ч.

Пријавување и приложување свидетелства за полагање државна, училишна матура и завршен испит за четврти и трети степен.Ученикот кој нема да ги приложи доказите неможе да полага државна матура. (Поопширно за полагање државна матура во член 15 од Правилникот).

Пријавувањето ќе се врши со следната документација:

– Пријава;

– Оригинал свидетелства за завршена прва, втора, трета и четврта година;

– Извод од матичната книга на родените (без разлика на дата на издавање);

Учениците се должни да ги проверат и комплетираат свидетелствата од прва до четврта година.

10 -14.5

10-13 ч.

Издавање дупликати на изгубени свидетелства. По овој рок нема да се издаваат дупликати свидетелства.
27, 28,31.5

12.30 ч.

5,6 и 9.8

8 ч.

Полагање испити по распоред кој навреме ќе биде истакнат во просториите на училиштето и на влезната врата и на официјалната веб страна на училиштето. Учениците кои полагаат поправни испити во овој рок неможе да полагаат  повторно поправни испити во јунскиот испитен рок.
31.5  8-12 ч.

10.8 во 11 ч.

Доделување свидетелства по поправни испити на оние ученици кои ја завршуваат годината.
31.5  8-12 ч.

10.8  8-12ч.

Пријавување со приложување свидетелства за државна матура, училишна матура и завршен испит по поправни испити.
5.6-10 ч. Екстерен дел од ДМ, македонски јазик (во август на 11.8.2021 год.( среда ))  во 10 ч.
11.6-10 ч. Екстерен дел од ДМ англиски јазик и математика (во август на 13.8 2021 год.(петок)) во 10 ч.
1430.6

16-26.8

Интерни испити од изборен дел на државна матура, училишна матура и завршен испит од четврт степен и тригодишно стручно образовние,  индивидуална практична работа.
14.6 9 ч.

16.8 9 ч.

Задолжителен дел македонски јазик и литература за училишна матура и завршен испит четврт степен
14.6  9 ч.

16.8 9ч.

Завршен испит македонски јазик и литература во трет степен стручно образование
18–24.8 Презентација и одбрана на проектна задача

 

На влезната врата во училиштето ќе бидат истакнати термините за полагање на интерните испити.

Кандидатот треба да биде пред просторијата во која се полага екстерниот испит најмалку 15 мин. пред започнувањето на испитот. Кандидатот кој задоцнил на екстерниот  односно интерниот испит повеќе од петнаесет минути од почнувањето на испитот не може да го полага испитот во оваа сесија. Кандидатот со себе треба да има документ за идентификација – лична карта. На кандидатот кој заборавил да понесе со себе документ за идентификација, му се овозможува да го полага испитот доколку родителот најдоцна 30 минути пред завршувањето на испитот донесе документ за идентификација. Во спротивно испитот на кандидатот не му се признава. Кандидатите треба со себе да носат прибор за пишување (две пенкала кои пишуваат сино) за тие што полагаат математика и справи за цртање. Во испитната просторија кандидатите не смеат да внесуваат лични предмети.За време на испитот кандидатот може да ја напушти просторијата , но не повеќе од пет минути, заедно со еден од резервните тестатори. Просторијата не може да ја напушти повеќе од еден кандидат во исто време. Првите триесет минути од почетокот на испитот и последните петнаесет минути пред крајот на испитот кандидатот не може да ја напушти просторијата. Кандидатот кој ги нарушува правилата на полагање на испитот може да биде опоменат и отстранет од испитот. Кандидатот кој ќе биде отстранет од испит по дел од државната,училишната матура, или завршен испит не се оценува по тој дел.

Датата на доделување диплома ќе биде дополнително утврдена.

На сите матуранти им посакуваме успешно полагање матура.