09/04/2023 toni

55 Регионален натпревар по физика

На 08.04.2023 година, во СОУ”Јосиф Јосифовски” Гевгелија се одржа 55.Регионален натпревар по физика за средни и основни училишта во 2023. Училиштето беше домаќин на 98 млади физичари и 23 наставници од Регион 4 (Гевгелија, Струмица, Радовиш, Валандово, Демир Капија, Богданци, Дојран и помалите места). Активот по физика, професорите Сашко Колев, Рамона Панорова и директорката Марија Танева во соработка со ДФРМ Скопје, како и професорите тестатори овозможија успешна работната атмосфера за физичарите. Честитки до сите учесници и браво за најуспешните!