21/02/2022 toni

Дводневен Камп на иновации

На 22 и 23 февруари во СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија ќе се одржи Камп на иновации.

Кампот на иновации претставува натпревар на кој учениците од средните училишта работат во тимови за да најдат решение за поставената задача – бизнис предизвик. Во текот на натпреварот тие ги зајакнуваат вештините за тимска работа, подготовка на бизнис план и негово презентирање пред жири комисија.

Организатор на кампот е Џуниор Ачивмент Македонија заедно со СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија.

Од следното видео запознајте се повеќе со активностите: