19/09/2021 toni

Пробно тестирање за ПИСА

На 17.9.2021 година во просториите на СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија беше организирано пробно тестирање за PISA. На тестирањето учествуваа 59 ученика распоредени во 7 простории кои електронски одговораа на прашањата во три сесии.

PISA (Programe for International Student Assessment) е меѓународна студија која ги проценува спо­­собностите, знаењата и вештините на учениците во примена на она што го научиле во училиште во ситуации од животот на крајот на задолжителното образование на возраст од 15 години воглавно во три подрачја:

  • оспособеност за читање со разбирање – и критички пристап во читањето на пишани материјали;
  • математичка писменост – читање, интерпретирање и решавање на даден проблем со организирање и толкување на дадени информации и избирање на метод за решавање;
  • писменост во природните науки – препознавање на научни прашања, користење на научни знаења, идентификување на содржината во научните истражувања и поврзување на научните податоци со докази и заклучоци.

PISA е циклична континуирана програма која дава увид во обрзовните политики и практики и помага во следењето на трендовите во стекнување на знаења и вештини кај учениците на иста возраст во различни земји и различни демографски подгрупи во секоја држава.