Во СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија се одржа обуката на тема: „Современи концепти на средно образование – новата улога на наставникот и новите стратегии на поучување и учење“ која е обезбедена од Биро за развој на образованието.
На обуката наставниот кадар од училиштето работеше во групи на следните поттеми:
- Воведна вежба со користење на техниката „5 Зошто“ со почетно прашање: „Зошто е потребна активната настава?“;
- Интегрирана наспроти традиционална настава;
- „Можности за интегрирано планирање на наставата“;
- „Формулирање на потенцијална проектна задача за учениците“ – со примена на техниката „Коцката е фрлена“.