05/11/2023 toni

70 ГОДИНИ ГИМНАЗИСКО ОБРАЗОВАНИЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА

Во народниот театар во Гевгелија на 4 ноември 2023 г. се одржа свечена академија по повод седудесетгодишното постоење на гимназиското образование во Гевгелија. На академијата беше промовирана монографијата со авторски текстови од професорите по македонски јазик и литература: Даниела Џишева, Александра Ќаеава, Вања Манчева, Жаклина Атанасова, Бисека Макревска и Тони Аврамов.

На манифестацијата свое обраќање имаше директор Александар Делиџаков, како и гостите – некогашни професори и ученици во СОУ „Јосиф Јосифовски“: Атанас Атанасов, Стојан Ташков и режисерката Марија Џиџева. Стихови од македонската поетска ризница рецитираа наставниците: Даниела Џишева, Александра Ќаева, Тони Аврамов, Бисерка Макревска, Тања Чугунцалиева, Вања Манчева и Стефчо Стефанов. Градскиот хор „Гортинија“ и камерниот хор од СОУ „Јосиф Јосифовски“ ја збогатија вечерта со неколку музички точки.