10/04/2022 toni

12 Филозофски филмски фестивал

Како дел од Филозофскиот филмски фестивал, Едукативната програма во сегментот Средношколска видео лектира, којашто е проследена со конкурс за филмософски есеј, оваа година беше предвидено да има проекции во 7 градови, меѓу кои и нашиот град, Гевгелија. Изборот на Филозофското друштво беше филмскиот класик „12 Гневни луѓе“ во режија на Сидни Ламет. СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија секоја година зема активно учество, а оваа година беше домаќин на овој настан, организиран од професор по филозофија Снежана Арџанлиева Танева од СОУ „Јосиф Јосифовски“, на кој беа поканети и присуствуваа учениците од СОУ „Гоце Делчев“-Валандово, како и учениците од  СОУ „Јане Сандански“-Струмица, заедно со нивните професори-ментори, кои ќе ги водат понатаму во нивните трудови.  Учениците најнапред се мотивираат со гледање на филм а потоа пишуваат есеи кои ја опфаќаат темата, претходно зададена во однос на филмот. Овогодинешната тема за конкурс на есеј е Правдата, Гневот и Предрасудите: Како да се суди непристрасно?  Учениците, ги пишуваат своите есеи кои подоцна се испраќаат во Филозофското друштво каде трочлено стручно жири ги разгледува трудовите и се избираат најдобрите три есеи кои ќе бидат наградени.