19/02/2018 Goran Manev

ЉУБОВ+ДАР = ХУМАНОСТ

Средношколската заедница при СОУ „Јосиф Јосифовски“ продолжува со хуманитарните активности за помош на наши ученици кои се на лекување. За таа цел на денот на вљубените, Свети Валентин, во холот на училиштето се оддржа хуманитарен базар на кој беа споени љубовта и дарувањето кои се неодвоив дел од хуманоста. Учениците со нивните креативни изработки, честитки со пораки за љубов и почитување и храна со прекрасни форми и бои,  го привлекоа вниманието и на учениците и на професорите.

28233504_929345383896603_158604683_n

28190447_929345253896616_1352014571_n

 Задоволство е да се работи со ученици кои се трудат да ја разбудат хуманоста во нашите срца и се залагаат за промоција на хумани вредности.

Одговорен наставник: Мирјана Чамџиќ