09/03/2017 Goran Manev

Прво место за најдобар експеримент по физика

Во периодот од 3-5 март, 2017 година, во Алексинац се одржа „ 5.Меѓународна конференција за образованието по физика во средните училишта “. Организатори на оваа конференција се Општина Алексинац,  Друштвото на физичари во Србија, Гимназијата во Алексинац, Земјоделското училиште „Шуматовац“, Техничкото училиште „Прота Стеван Димитријевич“, Друштвото на физичари во Ниш и Подружница ДФС Нишкиот округ.

17204237_10209347275941183_1026150203_n 17204237_10209347275941183_1026150203_n

На конференцијата се одржаа предавања и работилници од областа на физиката од страна на предавачи и учесници од Универзитетите од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора, Србија, Бугарија, Романија и Грција.

Од СОУ„Јосиф Јосифовски“-Гевгелија, на конференцијата присуствуваа професорките по физика Рамона Панорова и Марија Танева и се стекнаа со Уверение за стручно усовршување од областа на физиката.

17198292_10209347275621175_1363424201_n

Во составот на 5. Меѓународна конференција за образованието по физика, се реализира  натпревар за Најдобар експериментален труд по физика, од претходно селектирани проекти на ученици од средните училишта.

17198504_10209347275981184_1016326735_n 17204355_10209347276021185_289194797_n

Ученичката Кристина Митреска од СОУ„Јосиф Јосифовски“-Гевгелија од II4 клас ја доби Дипломата за освоено 1. Место за најдобар експеримент по физика, под менторство на проф. Марија Танева.  Ученичката демонстрираше „Безжичен пренос на енергија“.

17204213_10209347276061186_2108142560_n