26/12/2017 Goran Manev

Награда од Париз за извонредниот есеј ,, Писмо до Марија Кири “

На меѓународниот литературен натпревар по повод 150 годишнината од раѓањето на Марија Кири, распишан од Меѓународната организација за Франкофонија (OIF) во соработка со Министерството за култура на Франција ученичката Марија Павлоска со нејзината јазично-научна креација ,,Писмо до Марија Кири” под менторство на професорката Мирјана Чамџиќ  доби Награда за Франкофонско пријателство-Наука и Јазик 2017.

На конкурсот учествуваа 167 учесници од 22 земји и 5 континенти кои ги споија науката и јазикот во  нивните оригинални дела чествувајќи го делото и животот на големата Марија Кири.