21/04/2016 Goran Manev

Коњичка индустрија и туризам

Проект: Коњичка индустрија и туризам

Реализирана мобилност во : Биотехничка Школа ГРМ Ново Место

Програма : Еразмус +

Ученици: Петров Дејан, Ангелова Наталија, Миткова Каролина, Коцева Теодора, Дрњанов Григор, Дупкарска Александра, Коцева Теодора, Старчева Дијана, Петрова Атина, Делев Мите, Танов Влатко, Бегова Андријана, Камчева Татјана, Димитрова Ана, Караќаева Стефани,Мицева Теодора, Прдешлиева Рената, Илиева Габриела,Накова Невенка, Јовановска Христина, Марија Бучкова, Никодиновски Ѓорги и Елена Делиџакова.

Придружни лица: Велика Бизоева, Лидија Јовановска, Александра Митровска

Мобилност и посета на: Биотехничка школа ГРМ Ново Место, хотелско-туристичко училипте во Ново Место во рамки на Биотехничката Школа, ранч Бургер, Кметија Печечник, коњички парк Старошинце, локален хиподром на Војо Малетич ( легенда во коњски трки во Словенија), Терме Чатеш, еко музеј Дежела Козолчев, Бринечев млин, музеј Претерје, Ново Место, Пиран, Порторож, Липица, Целје и Љубљана.

Проектот „Коњичка индустрија и туризам“ опфати мобилност на и практична обука на 22 ученика од втора и трета година на хотелско-туристичката струка, образовен профил хотелско-туристички техничар во Биотехничка школа „ГРМ“ Ново Место, Словенија. Обуката е дел од проектот кој се реализира преку програмата Еразмус + на Националната агенција за европски програми и мобилност и ја опфати временската рамка на реализација д 3.5.2015година до 21.5. 2015 година.

Пред заминувањето во Словенија во училиштето се одржа подготвителна средба, јазична подготовка и културолошка презентација на кои беа претставени целите на проектот, основните принципи на функионирање на Биотехничката школа во Ново Место, основните терминолошки поими неопходни за мобилноста како и културолошките елементи на Словенија,

Практичната обука имаше богата агенда на активности вклучувајќи:

  • теоретски и практични часови за : психологија на коњите, вовед во јавање, придобивките од терапевтско јавање, дефинирање на клучните елементи за развивање на коњичка индустрија како модул за туристички бизнис
  • работилници за коњски трки и стекнување на вештини за промовирање на туристички бизнис на коњите во комбинација со традиционални културолошки елементи
  • работилници и практични ласови за развивање на позитивен психолошки контакт меѓу децата и коњите, меѓу децата со послаб развој и коњите и сл.
  • практични часови на проф. Барбата Турк за подготовка на коњ за јавање , јавање и вештини за јавање на кочија
  • стекнување на знаење за развивање на бизнис со термални бањи преку посета на Терме Чатеш
  • Стекнување на знаење за основните принципи на развивање на селски туризам ( ранч со коњи и свој оригинален кетеринг) , органска фарма, фарма со крави со ХАСАП стандарди за производство на млеко и млечни производи, млин за производство на интегрални брашно во комбинација со пекара која нуди органски и интегрални производи, своја продавница, ресторан и велнес центар и сл.
  • Развивање на идеја за промовирање на оригиналните традиционални вредности преку еко музеј, отворени музеи за стилот на живеење на насшите претци со автентилчен кетеринг и органски традициопнални специјалитети како дел од туристичката понуда
  • Стекнување знаење за позитивните страни од терапевтското јавање и негово интегрирање во туристичката понуда
  • Стекнување знаење за промовирање на коњичката индустрија преку шоуа со коњи
  • Работилници за развивање на коњичката индустрија преку отворање на коњски центар ли коњски парк за терапевтско јавање, приватна обука за јавање на коњи, изградба на локален хиподром и развивање на знаења за промоција на коњскиот туризам како дел од понудата на алтернативна форма на туризам
  • Стекнување вештини и способности кои нудат интегриран пристап во развојот на агрокултурата, туризмот, коњичката индустрија која е во тесна врска со агрокултурата туризмот, вклучувајчи рекреација ис порт
  • Проширување на хоризонтот на размисување во дефинирање на туристички производ на генерален план во зависност од таргет групата на туристичкиот производ

По реализираната мобилност проектот продолжува со дисеминација на стекнатите знаења и вештини со цел дефинирање на нови туристички производи и искористување на капацитетите кои се комбинација од оригиналност, автентичност и традиција .Тоа  би значело збогатување на туристичката понуда и подобрување на развојот на Република Македонија.