29/09/2016 Goran Manev

Европски ден на јазиците

Активот по француски јазик при СОУ „ Јосиф Јосифовски“- Гевгелија во соработка со активите по англиски јазик, македонски јазик и ликовна уметност, како и во соработка со Градската библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија организираше настан по повод одбележување на Европскиот ден на јазиците – 26 септември.

Предвидени и реализирани беа ликовни изразувања на средношколците во форма на графити на тема : „Des messages pour les jours a venir„ – „Пораки за идината„, како и литературни читања и музички точки на јазиците кои се изучуваат во училиштето: македонски, англиски, француски и латински јазик.