На 17.6.2023 год. во библиотеката на Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески“ во Скопје се одржа Државен рецитаторски натпревар организиран од Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература на РС Македонија. На натпреварот, од нашето училиште учествуваа учениците Зоран Кундурџиев под менторство на професорката Даниела Џишева и Мила Варела под менторство на професорот Тони Аврамов. Учениците се претставија со претходно зададена песна, а во вториот круг со песна која им беше дадена од жирито пред самиот настап. Во силна конкуренција од 15 рецитатори, ученикот Зоран Кундурџиев го освои второто место. Ученичката Мила Варела имаше забележителен настап.
Зоран Кундурџиев го освои второто место на Државниот рецитаторски натпревар
