17/11/2022 toni

Втора средба преку проектот МИО во Гевгелија

На ден 17.11.2022 година СОУ “Јосиф Јосифовски” – Гевгелија го реализираше вториот дел од проектот на Меѓуетничка интеграција во образованието поддржано од УСАИД и Министерството за образование и наука со партнер училиштето СЕПУГС ” Арсени Јовков” од Скопје. Учениците од двете училишта реализираа ревијални спортски игри баскет, пинг понг, одбојка и исцртување морали формирајќи групи со мешан етнички состав.