18/02/2019 Goran Manev

Втора и трета награда на Регионален натпревар по математика и пласман на Државен натпревар

На 16.2.2019год. во СОУ „Гоце Делчев“ Валандово се одржа Регионалниот натпревар по математика за ученици од средните училишта. На овој натпревар учествуваа 50-тината најдобро пласирани ученици од претходно одржаните општински натпревари од општините Велес, Кавадарци, Неготино, Валандово, Гевгелија и Богданци. Учениците од СОУ„Јосиф Јосифовски“ -Гевгелија освоија две награди, и тоа: Ана Папалазова од прва година освои втора награда и Александар Стефанов од четврта година освои трета награда. Со освоените награди и двајцата ученици обезбедија пласман на Државниот натпревар по математика кој треба да се одржи идниот месец. Ментори на учениците се професорите Јасмина Папалазова и Зоран Филов.