29/10/2021 toni

Учениците – пратеници во импровизирана дебата

Учениците од СОУ “Јосиф Јосифовски” од Гевгелија под менторство на професорката Ирена Никова учествуваа во онлајн работилница на тема “Имам став”. Учениците одлично ја одиграа улогата на пратеници во импровизираната дебата на три актуелни теми:
1. Медиуми;
2. Врсничко насилство и
3 Електронски комуникации.

Едукативната активност „Имам став!“ претставува активност која ги стимулира учесниците да развиваат сопствени ставови во врска со актуелни политички теми и истите да ги бранат со аргументи пред останатите учесници, со цел изнаоѓање на решение кое ќе биде прифатено и поддржано од мнозинството на учесници. Истата е подготвена по примерот на едукативната активност „My Point of View“, организирана од страна на Сојузниот парламент на Швајцарската Конфедерација.

Учеството во оваа работилница, воедно, значи и натпревар помеѓу училиштата кои ќе имаат две квалификации со цел добивање епитет за топ-школи во земјава.