05/05/2023 toni

Светски ден на акушерките

5 Мај  e Светски ден на гинеколошко – акушерските сестри. Нашето училиште постои веќе 70 години а пред 2 години ја воведовме и здравствената струка со насоки: гинеколошко – акушерска сестра и физиотерапевтски техничар . Како за почетни години ни е напорно , но се вложуваме да биде се во најдобар ред . Нашите идни и вредни акушерки се вложуваат и успешно ги извршуваат своите обврски . Целиот тим им го честита денот на сите гинеколошки – акушерски сестри им посакува успешна работа исполнета со љубов и здравје.