30/05/2023 toni

СОВРЕМЕНА УГОСТИТЕЛСКА САЛА

Изминатиот период, за комплетната функционалност на угостителската сала, кујна и кабинети беа набавени опрема и инвентар, во вредност од 2.161.739 денари. Претходно, во периодот 2009-2017 година беше реконструирана салата и обезбедена со опрема за готварство, со заштеда на средствата од блок-дотации.
Новиот угостителски објект во СОУ „Јосиф Јосифовски“ располага со два кабинети- еден по готварство, кујна и кабинет по послужување, т.е. угостителската сала. Со неговото целосно уредување и опремување, Гевгелија доби уште еден модерен угостителски објект со капацитет за 150 луѓе. Но, со првенствена цел – обезбедени се најсовремени услови за стекнување знаења и вештини и изведување практична настава на учениците од угостителско-туристичката струка. Се разбира, и простор за одржување на сите активности предвидени со Програмата за работа на Училиштето, како и одбележување на настани и прослави, организирање слободни ученички активности, одржувања семинари и сл.