24/05/2023 toni

СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија еден од основачите на меѓународната „Федерација на угостителско – туристички училишта“ – ФУТУР

На меѓународната конференција за соработка со средните угостителско – туристички училишта што се одржа на 22-23.05.2023 година во СУГС „Лазар Танев“ во Скопје под мотото „Заедно сме поуспешни“, основана е „Федерација на угостителско туристички училишта“ – ФУТУР . СОУ„Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија како еден од основачите на Федерацијата на угостителско- туристички училишта беше претставувано од директорката Марија Танева и професорот Бранко Бизоев од сектор Угостителство и туризам.

На конференцијата се разменија искуства, добри практики од образовниот процес и практичната настава, се договорија и идните активности за меѓусебна соработка меѓу учесниците, кои ги претставија активностите на своите училишта. Се утврди Статутот на федерацијата како и Управниот и Надзорниот одбор.

Во федерацијата се приклучија претставници од средни училишта од државите: Македонија, Србија, Хрватска, Романија, Турција, Грција, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Кипар, Франција Албанија и Бугарија. На верификацијата на Федерацијата покрај од училиштата имаше претставници и од Град Скопје градоначалничката Данела Арсовска, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Универзитет за туризам и менаџмент Скопје, Дипломатски претставништва, стопански комори и бизнис заедницата.