15/06/2023 toni

Резултати од наградниот конкурс за есеј на МСУ

Тимот на Меѓународен Славјански Универзитет ги објави резултатите од конкурсот за есеј. СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија го понесе епитетот – најдобар есеј од вкупно 88 пристигнати трудови.  Илина Иванџикова под менторство на професорката Бисерка Макревска го освои првото место.

  • Прва награда. Илина Иванџикова  – СОУ „Јосиф Јосифовски”, Гевгелија – Во огледалото – слика за нас самите
    • Златна плакета, таблет, МСУ подароци
  • Втора награда. Тамара Стојанова – СОУ „Богданци”, Богданци – Животни избори и последици
    • Сребрена плакета, сет за пишување и 5 книги, МСУ подароци
  • Трета награда. Бојан Јакимовски – СОУ „Ѓорче Петров”, Крива Паланка – Changes in education create a better life
    • Бронзена плакета, сет за пишување и 3 книги, МСУ подароци

Менторите на сите учесници во конкурсот ќе добијат сертификати. Сите учесници (вклучувајќи и оние кои не победиле) ќе добијат:

  • печатен примерок од изданието „Средношколски размислувања 7“
  • МСУ подароци
  • сертификат за учество на конкурсот

Комисијата беше составена од 4 членови:

  • проф. д-р Соња Ризоска Јовановска
  • м-р Кирил Трајчев
  • проф. д-р Катерина Видова
  • Татјана Алексиќ