15/05/2023 toni

Регионален натпревар по хемија

Регионалниот натпревар по хемија се одржа на 6.5.2023 година во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија. Учествуваа вкупно 82 ученици од средните и основните училишта во регионот. Од нашето училиште учествуваа 10 ученици, од кои 4 продолжуваат на државен натпревар:

Ѓорги Новаковски, I категорија, ментор Снешка Аризанова

Марко Линков, III категорија

Антониј Стојменов, IV категорија и

Златка Петрова, IV категорија, ментор Милан Лешевски

Учениците Ѓорги Новаковски и Антониј Стојменов покажаа најдобри резултати од регионот во своите категории.