На ден 10.11.2022 година СОУ “Јосиф Јосифовски” – Гевгелија го реализираше проектот на Меѓуетничка интеграција во образованието поддржано од УСАИД и Министерството за образование и наука со партнер училиштето СЕПУГС “Арсени Јовков” од Скопје. Учениците од двете училишта реализираа ревијални спортски игри, баскет, пинг понг, одбојка и исцртување мурали формирајќи групи со мешан етнички состав.