25/11/2021 toni

Реализација на проектот Ученички иницијативи

Во СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија интензивно се имплементира проектот „Ученички иницијативи“. Целта на овој проект е вклучување на учениците во активности кои заеднички со наставниот кадар ќе одредат проблеми и решавање на истите.

По одржани неколку состанока од страна на тимот наставници кои се вклучени во проектот и средношколската заедница одлучено е во училишниот двор да се постават чешми за пиење вода и неколку клупи во југоисточниот дел од дворот.

Во реализацијата на активноста вклучено е ЈПКД „Комуналец“ од Гевгелија кое ќе помогне во решавање на оваа задача.