07/05/2023 toni

ОГЛАС за запишување на редовни ученици во I (прва) година во учебната 2023/2024 година

Врз основа на член 42 од Законот за средно образование, Законот за стручно образование и обука и Конкурсот за запишување ученици во прва година во јавните средни училишта за учебната 2023/2024 година во РСМ, Училишната комисија за запишување ученици на СОУ Јосиф Јосифовски Гевгелија распишува

ОГЛАС

за запишување на редовни ученици во I (прва) година во учебната 2023/2024 година

 

Со Конкурсот за запишување ученици во средното образование во учебната 2023/2024 година е утврдена можноста за запишување ученици според наставните планови и програми за: гимназиско образование и стручно образование (техничко образование – четиригодишно траење, стручно образование за занимање – тригодишно траење).

За ученикот кој ќе се запише во паралелка во стручно образование која е означена со *(соработка со компанија), практичното образование ќе биде со зголемен број часови поминати во компанија.

  1. Во СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија за учебната 2023/2024 година според утврдени наставни планови и програми во прва година ќе се запишат 295 ученици во 10 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми за:
Вид на образование и профил број на паралелки број на ученици минимум потребни поени години  на образование
Гимназиско образование

Гимназиско образование- билингвална паралелка македонско-англиска

3

1

102

34

60

60

4

4

Стручно образование, Сектор – Економија, право и трговија
Економски техничар/бизнис администратор* 1 25 60 4
*(соработка со компаниите  КАМ ДОО Гевгелија,Фонд за здравствено осигурување,ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи, ЈПКД Комуналец Гевгелија и со Општината Гевгелија,)
Стручно образование, Сектор – Угостителство и туризам
Хотелско-туристички техничар* 1 25 45 4
Готвач/Келнер* 1 25 30 3
*(соработка со компаниите ФОРТУНА ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ Гевгелија, ДПТУШ Боко ДООЕЛ, МД ТОП ГРУП 2018 ДОО, ПРИНЦЕС ГРУП ДОО-РАМАДА ПЛАЗА ХОТЕЛ Гевгелија, ФЛАМИНГО МАКОТЕН ДООЕЛ Гевгелија, ЗУ  Природно лекувалиште НЕГОРСКИ  БАЊИ)
Стручно образование, Сектор – Машинство
Машински техничар за моторни возила/техничар за производно машинство * 1 25 45 4
Автомеханичар/Заварувач* 1 34 30 3
*(соработка со компаниите  ДОЈРАН СТИЛ ДООЕЛ Дојран, КОНТИ ХИДРОПЛАСТ ДООЕЛ Гевгелија, МОТО ПРОМ ДООЕЛ Гевгелија, ВИДИА ВАНЕ ДООЕЛ Гевгелија, АМД  Гевгелија, ЦТП ГРУП)
Стручно образование, Сектор – Здравство и социјална заштита
Физиотерапевтски техничар/Гинеколошко-акушерска сестра* 1 25 70 4
*(соработка со ЈЗУ Општа болница Гевгелија, Негорски Бањи АД Гевгелија, ПЗУ Дејнека Гевгелија )

 

  1. УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ И КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЦИТЕ
    Запишувањето на учениците во СОУ „Јосиф Јосифовски“ во учебната 2023/2024 година ќе се врши под услови и на начин утврдени со Законот за средното образование, Законот за стручно образование и обука и со овој Оглас.
    Условите за запишување на учениците во прва година се:
    – да имаат завршено основно образование;
    – да не се постари од 17 години;
    – да се определиле за план и програма за еден од следните видови образование:
    а) гимназиско образование;
    б) стручно образование и обука;
    – да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој Оглас.

Критериуми за избор на учениците се:

  • среден успех на ученикот од VI до IX одделение;
  • среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се од значење за струката);
  • дипломи за освоени (I, II и III) места од меѓународни натпревари, како и државни натпревари (организирани од акредитирани здруженија од Министерство за образование и наука) по мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;
  • средна вредност од поени добиени за поведение од VI до IX одделение.

За средниот успех од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот успех од шесто, седмо, осмо и деветто одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10).

За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети (два наставни предмети задолжително за сите видови образование и два предмети што се значајни за струката), ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет).

За освоено место од меѓународни и државни натпревари ученикот може да добие:

  • за освоена прва награда или златен медал на меѓународен натпревар 5 поени, втора награда или сребрен медал 4 поени и трета награда или бронзен медал 3 поени.
  • за освоено место од државни акредитирани натпревари:
    за I место – 3 поени, за II место – 2 поени и за III место – 1 поен.

За средна вредност од поените за поведение од VI до IX одделение, ученикот може да добие најмногу 5 поени. (Примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени. Средната вредност е збир од поените за поведението од шесто, седмо, осмо и деветто одделение поделен со 4).

Ученикот по сите критериуми може да добие најмногу 83 поени.

Учениците од ромската етничка заедница можат да се запишат во одредено јавно средно училиште ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поените предвидени согласно Конкурсот за соодветните наставни планови и програми и ако ги задоволуваат дополнителните критериуми за испит на знаења и вештини во соодветното училиште.

Бесплатен превоз на учениците кои ќе се запишат во прва година во јавните средни училишта нема да биде обезбеден, ако избраниот вид образование (струка или насока) го има во општината, односно регионот.

Дополнителни критериуми

Доколку се пријават поголем број ученици кои ги исполнуваат предвидените услови од планираниот број предвиден во овој конкурс, се организира квалификационо тестирање по наставниот материјал од осмо и деветто одделение по следните наставни предмети и тоа:

  • за гимназиско образование – мајчин јазик и математика;
  • за здравствена струка – биологија и хемија,
  • за другите струки – мајчин јазик и математика.

Утврдениот минимум број поени за првото пријавување е составен дел на овој Оглас.

Доколку не се пополнат ученичките места во предвидените уписни рока, СОУ Јосиф Јосифовски Гевгелија ќе продолжи со запишување на ученици до 31.8.2023 г.

III.Потребни документи за запишување

По објавувањето на ранг листата, учениците кои се на листата ја доставуваат следната документација:

пријава за запишување (пријавата за запишување ја изготвува Министерството за образование  и наука  и ја објавува на официјалната веб страница);

оригинални свидетелства од VI do IX одделение;

дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и  III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката, насоката односно изборното подрачје;

извод од матичната книга на родените (без оглед на датум на издавањето),

Пријавувањето со потребните документи се врши лично од ученикот или родителот, односно старателот.

  1. КОНКУРСНИ РОКОВИ

Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со две пријавувања во месец јуни.Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://euslugi.mon.gov.mk  со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk

Прво пријавување и запишување:

  • 20 јуни 2023 г. до 24:00 часот и
  • 21 јуни 2023 г. до 15:00 часот.

Ранг листа на запишани ученици се објавува на 22 јуни 2023 година на https://e-uslugi.mon.gov.mkи на интернет странатwww.mon.gov.mk најдоцна до 09:00 часот. Доставувањето на потребната документаија до училиштата е на 22 јуни 2022 година од 12:00 до 19:00 часот и на 23 јуни 2023 година од 7:00 до 19:00 часот, согласно изготвен распоред од училиштето. Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 24 јуни 2023 година, најдоцна до 12:00 часот на огласната табла на училиштето и наwww.mon.gov.mk.

Квалификационото тестирање ќе се организира (доколку за тоа има потреба) на 26 јуни 2023 г. а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 26 јуни 2023 г.на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk

Второ пријавување и запишување

  • 27 јуни 2023 г. до 24:00 часот и
  • 28 јуни 2023 г. до 15:00 часот.

Ранг листа на запишани ученици се објавува на 29 јуни 2023 година на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет странатwww.mon.gov.mk најдоцна до 09:00 часот. Доставувањето на потребната документаија до училиштата е на 29 јуни 2022 година од 12:00 до 19:00 часот и на 30 јуни 2023 година од 7:00 до 19:00 часот, согласно изготвен распоред од училиштето. Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 1 јули 2023 година, најдоцна до 12:00 часот на огласната табла на училиштето и наwww.mon.gov.mk.

Квалификационото тестирање ќе се организира (доколку за тоа има потреба) на 3 јули 2023 г. а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 3 јули 2023 г.на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk

Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштето ако  има слободни места после јунскиот рок.Пријавување на учениците ќе се врши на  21 август 2023 г. до 24.00 ч.

Ранг листа на запишани ученици се објавува на 22 август 2023 година на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет странатwww.mon.gov.mk најдоцна до 09:00 часот. Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 22 август 2023 година од 10:00 до 19:00 часот согласно изготвен распоред од училиштето. Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 23 август 2023 година, најдоцна до 12:00 часот на огласната табла на училиштето и наwww.mon.gov.mk.

По објавување на ранг листите со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 24 часа, а училиштата имаат обврска да ја вратат целокупната документација на учениците во рок од 24 часа.

  1. НАСОКИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОГЛАСОТ

Објавувањето на минимумот поени ќе се изврши на 26 јуни 2023 г. за второто пријавување.

За уениците кои завршиле деветто одделение во Република Северна Македонија ,  а едно, две или три одделенија ( VI, VII или  VIII одделение) завршиле во странство, за тие одделенија се зема успехот од деветто одделение и важат истите критериуми за избор на ученици наведени погоре.

Учениците кои основното училиште го завршиле во странство, може да се запишат во училиштето ако им се нострифицира свидетелството стекнато во странство.

Училиштето по првото пријавување, може да го намали утврдениот број на минимум поени дадени ви Конкурсот и овој Оглас најмногу до 10 поени, освен за упис во гимназиско образование и секторот Економија, право и трговија, како и  секторот за Здравство и социјална заштита каде намалувањето на утврдениот број на минимум поени не е дозволено.

Училишната комисија одговара за правилно и навремено спроведување на Огласот за запишување на ученици во средните училишта во уписните рокови, ја утврдува конечната ранг листа на примени ученици и решава  по приговори од ученици по конечната ранг листа, во рок од 12 часа по истекувањето на истата

 

  1. ПРЕГЛЕД НА НАСТАВНИТЕ ПРЕДМЕТИ ОД ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ КОИ СЕ ПРЕДВИДЕНИ ВО КРИТЕРИУМИТЕ ЗА РАНГИРАЊЕ НА УСПЕХОТ НА УЧЕНИЦИТЕ

 

Задолжителни наставни предмети се: мајчин јазик и англиски јазик

  Струка/Сектор Наставни предмети кои се од значење за струката
1 Гимназиско образование:

-Природно-математичко подрачје (комбинација А)

-Природно-математичко подрачје (комбинација Б)

-Општествено-хуманистичко подрачје (комбинација А)

-Општествено-хуманистичко подрачје  (комбинација Б)

 

математика,  физика

математика, биологија

математика, историја

математика, историја

  Сектор  
2 Економија, право и трговија математика, историја
3 Угостителство и туризам биологија, географија
4 Машинство математика, физика
5 Здравство и социјална заштита биологија, хемија

 

  1. НАДЗОР НАД СПРОВЕДУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ

Надзор над спроведување на овој Конкурс врши Министерството за образование и наука, Државниот просветен инспекторат и овластените просветни инспектори на општините.