08/05/2023 toni

Никола Најдоски освои второ место на Државниот натпревар за ученици од електротехничките, машинските и сообраќајните средни стручни училишта

По одржаниот XL ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР за учениците од електротехничките, машинските и сообраќајните средни стручни училишта на РС Македонија, во организација на Здружението на наставници по стручни предмети и раководни кадри на ЕМС училишта (ЗЕМСУ), нашиот ученик Никола Најдоски од III-7 клас, сектор – Машинство, квалификација – Машински техничар за моторни возила, покажа одлични резултати и го освои ВТОРОТО МЕСТО, со што уште еднаш докажуваме дека СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија е синоним за квалитетна и успешна настава, преку која учениците во текот на своето образование се стекнуваат со знаења и вештини, како и со стручни квалификации со кои ќе бидат конкурентна работна сила на пазарот на трудот веднаш по завршување на образованието, односно знаења кои ќе им бидат доволна основа за натамошно продолжување на образованието. (ЗЕМСУ), овогодинешниот државен натпревар го одржа на 04.05.2023 (теоретски дел) и 05.05.2023 година (практичен дел) во Општинскиот Електромашински Училиштен Центар „Св. Наум Охридски“ – Охрид.