12/06/2021 toni

НАСОКИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ ВО СОУ ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ – ГЕВГЕЛИЈА

Почитувани деветтоодделенци,

од 14.6.2021 г. (понеделник започнува уписот за во прва година.

Во СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија треба да се запишат 286 ученика во 10 паралелки.

Прво пријавување и запишување:

14 Јуни 2021 г. (понеделник) во период од 12:00 часот до 19:00 часот;

15 и 16 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 19:00 часот и

17 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 15:00 часот.

ЗАПИШУВАЊЕТО ЌЕ СЕ ВРШИ ВО УЧИЛИШНИТЕ ПРОСТОРИИ ОД КАДЕ ЌЕ ПОДИГНЕТЕ ПРИЈАВА КОЈА Е БЕСПЛАТНА, А ЌЕ ЈА ПОПОЛНИТЕ НА ЛИЦЕ МЕСТО. ДОКОЛКУ ВИ Е ПОТРЕБНА ПОМОШ НА РАСПОЛАГАЊЕ ВИ СТОЈАТ НАСТАВНИЦИТЕ ОД УЧИЛИШТЕТО.

НАПОМНУВАМЕ ДЕКА НЕ Е ПОТРЕБНО ДА СЕ БРЗАТЕ ЗАТОА ШТО ЗА ЗАПИШУВАЊЕ ВО ПРВИОТ УПИСЕН РОК ИМАТЕ ЧЕТИРИ ДЕНА.

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ:

  • пријава за запишување (пријавата ученикот бесплатно ја зема од СОУ „Јосиф Јосифовски“ при самото поднесување на документите);
  • оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
    – дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката, насоката, односно изборното подрачје;
  • извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето);
  • потврда за вакциналниот статус на ученикот издадена од службата за вакцинација.

Второ пријавување и запишување

23 И 24 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 19:00 часот и

25 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 15:00 часот.

Ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 25 јуни 2021 година во периодот од 16:00 часот до 19:00 часот.

Квалификационото тестирање за второто пријавување ќе се организира (доколку за тоа има потреба) на 26 јуни 2021 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 26 јуни 2021 година.

Трето пријавување и запишување

30 Јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 19:00 часот.