30/05/2023 toni

Државно првенство во атлетика

На 16.05.2023 се оддржа државното првенство во атлетика за средни и основни училишта, го организира Федерацијата на училиштен спорт, преку Општински сојуз на училиштен спорт и атлетски клуб Куманово.

Околу 450 ученици од над 20 основни и 16 средни училишта, од осум градови во државава учествуваа на седмото државно првенство во атлетика кое се одржа на атлетскиот полигон во Куманово. На првенството се натпреваруваа ученици од Скопје, Свети Николе, Штип, Кавадарци, Струмица, Гевгелија, Битола, Прилеп и Куманово.

На првенството земаа учество и ученици од СОУ “Јосиф Јосифовски” – Гевгелија Андреј Ичев од II-2 го освои второ место во дисциплината скок на височина под менторство на професор Трајче Стојанов.