02/04/2021 toni

Архитектурата е спој на уметноста и историјата

ТРУДОТ НА МОИТЕ ПРОФЕСОРИ ОД ГЕВГЕЛИСКАТА ГИМНАЗИЈА ДА НЕ ЕДУЦИРААТ, БЕШЕ МОЈА ПОТКРЕПА ДА ГИ ЗАВРШАМ СТУДИИТЕ ПО АРХИТЕКТУРАТА

Катерина Петковска го заврши средното училиште во Гевгелија, во СОУ „Јосиф Јосифовски“, во општествено-хуманистичката насока. За деновите поминати во ова училиште, Петковска вели дека сите професори се труделе да го предадат својот материјал на најдобар и наједноставен начин, кој ќе го разберат сите ученици, сето тоа проследено со примери од секојдневието.
Токму тој труд, истакнува Петковска, беше моја поткрепа да го продолжам своето образование и да ги завршам студиите по архитектура во Скопје, и конечно да магистрирам. Го одбрав овој факултет бидејќи архитектурата е еден спој на уметноста, на техниката и на историјата.